(ВИДЕО) Реклама за „Кока Кола“ ги налути Американците
Синоќешниот спектакл Супербоул - финалето на американската фудбалска лига е настан за престиж и за големите компании, кои плаќаат милиони долари за 20 секунди реклама на најгледаниот спортски натпревар во САД.
Притоа, се снимаат и посебни реклами, специјално за паузите на американскиот Супербоул. Сепак, некои компании за својот труд добија критики. Меѓу нив најкоментирана на социјалните мрежи е рекламата на Кока Кола. На прв поглед станува збор за вистински семеен рекламен спот, кој ја слави љубовта и пријателството. Но, има нешто што ја шокираше американската јавност.
Песната „Прекрасна Америка“, која оди во позадина, е отпеана на неколку различни јазици и тоа ги разлути т.н. „вистински Американци“. На твитер е отворен посебен хаштаг #SpeakAmerican на кој се изразува револтот. „Ова е најлоша реклама што некогаш е снимена, срамота!“ - гласи еден од твитовите.
Некои одат и толку далеку што напишале дека заради оваа реклама веќе никогаш нема да го пијат овој безалкохолен пијалок. Погледајте што ги налути Американците и дали се во право:
http://www.youtube.com/watch?v=443Vy3I0gJs
Слично
