Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РЕКА ДОСТИГНА НИВО ОД ОСУМ МЕТРИ: Невреме во Франција, евакуација во Монпелје

(ВИДЕО) РЕКА ДОСТИГНА НИВО ОД ОСУМ МЕТРИ: Невреме во Франција, евакуација во Монпелје

Евакуирани се десетици луѓе во францускиот град Монпелје поради поплави. 

Пет департмани во јужна Франција, вклучувајќи го и Еро, денеска се под портокалова временска тревога поради дожд и поплави.


Монпелје, Сен Жак де Ве и Вилнев ле Маглон се најпогодени од бурата. Градот Монпелје објави дека парковите, гробиштата, зоолошката градина и божиќниот пазар се затворени.

Сообраќајот во градот беше нарушен, а неколку улици беа затворени. За еден час, во Монпелје наврнаа околу 40 милиметри дожд, а во последните шест часа до 75 милиметри.

Во општината Ларок реката се излеа од своите корита и достигна ниво од осум метри.


Реката Еро е исто така под портокалово временско предупредување за зголемување на нивото на водата, потсетува префектурата, предупредувајќи на претпазливост во секторот Агде, каде што постои висок ризик од излевање.

Населението се повикува да биде максимално претпазливо, а особено се препорачува да се држи подалеку од водните патишта, бреговите и мостовите, и да избегнува поплавени патишта, како и да не се спушта во подруми и подземни паркинзи и генерално да избегнува движење.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести