(ВИДЕО) РАЗОРНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Maж се удави во својот дом
Во поплавите во Италија, маж се удави во сопствениот дом во Фаенца.
Бројот на жртвите се искачи на 14 во петокот, објави АФП. Спасувачите продолжуваат да ги евакуираат луѓето кои поради водата не можат да ги напуштат своите домови, а дождот повторно врне по повеќе од 24 часа прекин. Во Равена властите утрово прогласија „итна евакуација“ на неколку населби и ги повикаа жителите „да не излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно“. Италијанската национална телевизија објави видео од спасувањето на мајка и девојче од поплавата.
Поплави има во Хрватска и во Босна и Херцеговина (БиХ).
Слично
