(ВИДЕО) Разорни поплави во Иран однесоа најмалку 15 жртви
Најмалку 15 луѓе загинаа во поплавите во јужен Иран.
Во меѓувреме, осум се водат како исчезнати, јави денеска официјалната новинска агенција Ирна. Обилните дождови предизвикаа поплави во неколку градови и села во провинцијата Фарс. Шефот на локалниот кризен штаб изјави дека потрагата по исчезнатите е во тек.
Во јануари годинава во јужен Иран загинаа најмалку 8 луѓе. Лани во мај имаше поплави кои однесоа најмалку 10 жртви. Во 2019 година имаше 76 жртви во поплави во Иран.
Слично
