(ВИДЕО) РАЗОРНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ХОТЕЛ ВО ХАВАНА: Досега 22 жртви, се трага под урнатините по преживеани
Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 луѓе се повредени, јави денеска кубанската државна телевизија. Кубанските власти соопштија дека првите резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е истекување на гас, пренесува Ројтерс.
„Сè покажува дека експлозијата била несреќен случај“, рече кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во телевизиско обраќање.
Дијаз-Канел за Ројтерс изјави дека експлозијата не била предизвикана од бомба и дека нема индиции дека се работи за терористички напад, а по враќањето од местото на експлозијата и кратка посета на две болници кои ги лекуваат повредените, тој се јавил на инцидент „жалосна несреќа“.
Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија објави дека, според првите извештаи, во експлозијата нема загинати или повредени странски државјани.
Хотелот бил затворен, а внатре во моментот на експлозијата биле само работниците кои работеле на неговото реновирање, изјавил Роберто Енрике Калсадила, претставник на воената компанија која управува со многу хотели во земјата, пренесува британската агенција.
Во интервју за државната телевизија, Калсадила рече дека хотелот со 96 соби треба повторно да се отвори во следните неколку дена и дека работниците ги прават последните подготовки. Тој рече и дека можната причина за експлозијата е истекување на гас.
ФОТО: YouTube Print Screen
