Видео: Разголени стјуардеси промовираат евтини авио билети
Рекламата на Казакстанската туристичка компанија Чокотравел предизвика огромна бура од реакции во јавноста бидејќи се појавуваат голи девојки во улога на стјуардеси со минимална доза на облека.
Секако, рекламата е доста креативна и многу провокативна, но прашањето е дали е претерано нагласен еротскиот момент и дали воопшто е потребен ваков вид на маркетинг.
За да не бидат обвинети за сексизам рекламата има иста верзија, но со разголени мажи за родова еднаквост, но во улога на пилоти што секако ги подгрева стереотипите.
Во секој случај посакуваниот ефект е постигнат бидејќи рекламите станаа вирална со стотина илјади прегледи на YouTube и социјалните мрежи и привлекоа огромно внимание кон компанијата Чокотравел. Што мислите вие за нивната содржина.
