(ВИДЕО) Разголена активистка на Фемен му се „нафрли“ на Берлускони
Гласачите во Италија денеска избираат нов парламент. На гласачкото место се појавил и поранешниот премиер и фаворит Силвио Берлускони, а после гласањето бил нападнат од непозната феминистка.
Разголена припадничка на феминистичката група Фемен упаднала на гласачкото место во Милано, додека во моментот таму гласаше поранешниот премиер Берлускони (81)
Жената на чии гради со црн маркер беа испишани
зборовите „Берлускони, ти истече рокот“, скокна на маса додека тој гласаше. Поранешниот премиер во придружба на обезбедувањето веднаш ја напушти просторијата.
Берлускони, кој има 81 година, не може да учествува во трката за премиер поради пресуда за даночна измама, но се очекува да има клучна улога во идната влада на претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, кој е негов кандидат за премиер.
Силвио Берлускони е познат по скандали и афери, а на денешните избори неговата коалиција „Напред Италија“ е фаворит.
