(ВИДЕО) Разбеснет бик трчаше во Њујорк
Полицијата во Њујорк повеќе од два часа бркала бик кој побегнал од кланица.
Иако грбот му бил полн со стрели за заспивање, полицијата во Квинс успеала да го огради бикот во една градина и да го фати.
На пат кон засолништето, бикот починал.
„Тоа не е исход на кој се надевав“ - вели Мајк Штура, основач на засолниште за животни кој требал да го земе бикот.
Сепак, за градот ова бил несекојдневен настан, бик да трча по улици.
Слично
