(ВИДЕО) Расте бројот на повредени во Турција, Ердоган се извини за своите грешки
Бројот на повредени во Турција по денешниот земјотрес се искачи на 110.
Во потресот со јачина од 5,6 степени што денеска ја погоди југоисточна Турција загина едно лице. Си-Ен-Ен Турк соопшти дека спасувачки тим извлекол маж од урнатините во провинцијата Малатија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска им се извини на жителите на провинцијата Адијаман на југоистокот на државата, една од најтешко погодените од разорниот земјотрес на 6 февруари, поради доцнењето на помошта.
„Поради разорниот ефект од тресењето и лошото време, првите неколку дена во Адијаман не можевме да работиме како што сакавме. Се извинувам за тоа“, рече Ердоган.
#Malatya #deprem sonrası dumanlar yükseliyor. Allah korusun! Binalara asla girmeyelim. Uzak duralım hasarlı yapılardan. pic.twitter.com/aBc9H86NW6
На 6 февруари имаше силен земјотрес во Турција и Сирија, при што во двете држави има над 50.000 загинати.
Луѓето исплашени од претходните разорни земјотреси, бегаа на отворено.
