(ВИДЕО) Расна војна: Америка на улиците поради убиство на црн тинејџер, убиецот на платен одмор!на
Жителите на Медисон, град во американската сојузна држава Висконсин, и трет ден протестираа поради тоа што бел полицаец убил невооружен црн тинејџер, последно во низата убиства кои покренуваат прашања за расни предрасуди во редовите на американската полиција.
Повеќе од 100 лица огорчени поради убиството на Тони Робинсон (19) во петокот вечерта, учествувале синоќа во протестната прошетка на улиците на Медисон носејќи транспаренти со звуци на тапани и свирки „обединетите луѓе никогаш нема да бидат поразени“, пренесе Ројтерс.
Полицаецот Мет Кени (45) дошол на лице место поради пријавата дека некои лице создава пречки на автомобилите во соосбраќајот и дека нападнало друго лице. Кени го испратил Робинсон во неговиот стан, каде добил удар во глава, изјавил шефот на полицијата во Медисон Мајк Ковал. Полицаецот пукал во тинејџерот кој немал оружје кај себе. Момчето подоцна починало во болница.
И додека правосудните органи спроведуваат истрага, полицаецот на убиецот е на платено отсуство.
Поради низата случаи на употреба на прекумерна сила, кога полицацјите белци убиваа невооружени црнци, минатата година избиа низа демонстрации ширум САД против прекумерна употреба на сила која ја применува полицијата.

