(ВИДЕО) Расфрлани остатоци и тркала од место на кое се урна авионот на „Germanwings“
Истражниот тим соопшти дека авионот паднал неколку минути по праќањето на последната порака на контролорите, која е опишана како „рутинска“.
Анализата на податоците од втората црна кутија на авионот на „Германвингс“ кој се урнал во Француските Алпи, потврдуваат дека вториот пилот намерно го урна авионот, изјавиле инспекторите.
Според инспекторите Лубиц го кренал и насочил авионот да се урне во Француските Алпи, при што загинаа сите 150 патници.
Авионот се урна со околу 700 километри на часа, при што загинаа на лице место сите во него, вклучувајќи половина од нив Германци и повеќе од 50 од Шпанија.
Слично
