Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РАКЕТИРАНИ АЕРОДРОМИ: Дали во светот се разгорува нова војна?

(ВИДЕО) РАКЕТИРАНИ АЕРОДРОМИ: Дали во светот се разгорува нова војна?

Главниот град на Еритреја беше мета на ракетирање. 

Повеќе од три ракети се испукани вчера од Етиопија врз главниот град на Еритреја,  Асмара. 

Ова го и потврдија пет регионални дипломати. 

Станува збор за ескалација на конфликтот меѓу етиопските сили и бунтовниците од регионот Тиграј.

Најмалку две ракети го погодиле аеродромот во Асмара.

Во петокот беа погодени два аеродроми во близина на етиопскиот регион Тиграј. 

Етиопската влада за нападот ја обвини владејачката партија во Тиграј, Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ).

Во раните утрински часови вчера ТПЛФ се закани дека ќе нападне цели во Еритреја, која со Етиопија потпиша мировен договор пред две години.

Етиопскиот премиер Абиј Ахмед, добитник на Нобеловата награда за мир за затоплувањето на односите со Еритреја, ја испрати националната војска во офанзива против локалните сили на Тиграј, откако ги обвини дека нападнале владини сили во регионот кој граничи со Еритреја и Судан.

Во борбите веќе загинаа стотици луѓе на двете страни, а илјадници цивили избегаа во Судан.

Во светот неодамна е ставен крај на војната меѓу Ерменија и Азербејџан која траеше неколку седмици. 


Слично

Поврзани вести