Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РАКЕТИ СРАМНИЈА СО ЗЕМЈА СИРИСКА ВОЕНА БАЗА: Има жртви, САД негира вмешаност!

(ВИДЕО) РАКЕТИ СРАМНИЈА СО ЗЕМЈА СИРИСКА ВОЕНА БАЗА: Има жртви, САД негира вмешаност!

Во напад на воздухопловна база на сириското Воено воздухопловство, Т4, во сириската провинција Хомс загинале 14 лица, соопштила Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според зборовите на директорот на тоа набљудувачко тело, Рами Абдурахма, повеќето загинати во нападот во базата биле Иранци или припадници на групата која го поддржува Иран.


Како наведуваат агенциите, во прашање е „многу веројатно американска агресија“, меѓутоа, американски претставници соопштиле дека САД не извршиле никакви воздушни удари на Сирија.

Нападот на базата во провинцихата Хомс е изведен по наводен напад со хемиско оружје во саботата на градот Дума во источна Гута, кој го контролираат бунтовниците, наведува АП. Во тој напад загинале најмалку 40 лица.

Слично

Поврзани вести