(ВИДЕО) Ракети ја погодија резиденцијата на Ајатолахот Али Хамнеи во Техеран
Погодена е резиденцијата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во Техеран. Сепак, засега нема потврдени информации за тоа дали Хамнеи се наоѓал на лице место при ударот на ракетите. Силни експлозии одекнале во дел од градот и се издигнал густ облак од чад.
Нападот е дел од пошироката воена операција што од рано утринава ја спроведуваат Израел и САД, насочена кон објекти поврзани со иранското раководство и безбедносната структура. Ова е најсериозен удар во срцето на иранската престолнина досега.
Во изминатиот период имаше масовно распоредување на американска воена опрема во источниот Медитеран, како и засилена воздушна логистика и поддршка за израелските сили, што укажуваше на подготвеност за ваква операција.
The Ayatollah’s compound in Tehran has been struck by Israeli preemptive strikes.pic.twitter.com/sjupEQxxON
— Visegrád 24 (@visegrad24) February 28, 2026
