ВИДЕО: ПУТИНОВАТА АРМИЈА СТИГНА ВО БЕЛОРУСИЈА - дочекани со леб и сол, а во вагоните на возовите застрашувачко оружје
Првите руски војници на новата заедничка воена група на Москва и Минск пристигнаа во Белорусија, соопштија тамошните власти, по овонеделната најава за стационирање на тие сили. Наводно, тие треба да ја бранат територијата од украинската армија.
„Првите возови со руски војници кои ја сочинуваат регионалната воена група пристигнаа во Белорусија“, објави белоруското Министерство за одбрана во соопштението, во кое не е прецизиран бројот на руски војници, пренесува Јутарњи.
Министерството објави фотографии од воени возови и камиони, како и од руски војници кои ги пречекаа жените во традиционални носии, нудејќи им леб и сол според традицијата.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во понеделникот ги обвини Полска, Литванија и Украина дека подготвуваат „терористички“ напади и „бунт“ во Белорусија и најави распоредување на регионална воена група.
Ministry of Defense of Belarus: first echelons with Russian Armed forces servicemen, part of joint grouping of troops, arrived in Belarus https://t.co/1ViKpTKK4I pic.twitter.com/J5nLAmoXPQ
— Liveuamap (@Liveuamap) October 15, 2022
