Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПУТИНОВ ПЕНТАГОН: Претседателот во воената соба забранил расправии

(ВИДЕО) ПУТИНОВ ПЕНТАГОН: Претседателот во воената соба забранил расправии

Рускиот претседател Владимир Путин свечено ја отворил новата зграда на руското Министерство за одбрана, чија градба чинела неколку милијарди долари.

Се работи за транспортен команден центар од кој во наредниот период ќе се контролираат сите воени акции на руските вооружени сили.

Британскиот весник „Индипендент“ наведува дека Путин стигнал на отварањето на центарот на денот кога во Египет беше соборен рускиот патнички авион со 224 патници и членови на екипажот.

„Господа, овде нема да може да се карате, ова е воена соба“, изјавил Путин пред да ја отвори расправата со генералите и министрите во врска со рушењето на рускиот авион над Синајскиот полуостров.

Присутни се два големи екрани на кои можат да ги следат полетувањата на руските авиони кон Сирија каде се ангажирани во борбата против терористите на „Исламска држава“.

Новата зграда на командниот центар е изградена да биде еквивалентна на американскиот Пентагон, сместена е на неколку километри од Срвениот плоштад, а под него се наоѓа мрежа на подземни тунели.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zWM3fmtLT_4[/embed]

Слично

Поврзани вести