Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Путин за влакно избегна авионска несреќа

(ВИДЕО) Путин за влакно избегна авионска несреќа

 Рускиот претседател Владимир Путин за малку избегнал авионска несреќа, откако леталјќи со Ту-134 со огромна брзина кон него летале два воени ловци Су-27.

Авионот на Путин  полетал околу 11 часот наутро во Санкт Петербург и после неколку минути лет бил на висина од 10.000 метри над селото Пачино во областа Твер.

Во исто време, два ловци Су-27 од воената воздушна база Хатилово биле на редовна обука за летање, кои на 10.000 метри се усмериле кон селото Пачино.

Контролорите на летовите на аеродромот забележале дека ловците со голема брзина од 1.300 километри на час се доближувале кој патничкиот авион, и како што наведуваат руските медиумите, само неколку секунги ги делеле авионите од судар.

 Веднаш потоа контролорите наредиле на екипажот од Ту-134 да започнат со слетување.

Ловците го надлетале патничкиот авион и продолжиле кон аеродромот Бесовец во Карелската област, а претседателскиот авион одлетал кон Санк Петербург.

Сепак, руското министерство за одбрана ги негирало тврдењата за инцидентот на небото во близина на Москва и велат дека немало опасно приближување на авионите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/GoWCqm_X3c8[/embed]
Слично

Поврзани вести