(ВИДЕО) Путин за Ердоган: Ништо не е вечно под месечината
Претседателот на Русија, Владимир Путин уште еднаш ги коментираше актуелните односи помеѓу Русија и Турција.
„Веќе реков и ќе повторам: за нас турскиот народ е пријателски народ и не сакаме да ги расипуваме односите со него. А што се однесува до актуелното раководство на Турција, тогаш никој не е вечен под месечината“, изјавил Путин во интервју, за новиот документарен филм „Светскиот ред“ за ТВ „Россија-1“.
Путин објаснува дека Русија има јасна позиција за решавање на конфликтот во Сирија.
„Ние не ја вртиме опашката. Уште во почетокот ги прашувавме луѓето дали се согласуваат или не. Во суштина сите кои учествуваат во овој процес за решавањето на проблемите во Сирија рекоа „да“. И тогаш ние оформивме позиција врз основа на овие компоненти, кои се заеднички и прифатливи за сите“, изјавил Путин.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/yWqF4yC7aY8[/embed]