Видео: Путин свири на пијано чекајќи го кинескиот колега
Рускиот претседател Владимир Путин често прави егзибиции во јавност прикажувајќи се како цврст екс припадник на КГБ кој е мајстор за боречки вештини, јавење коњи топлес, ловење тигри и што уште не, но сега ја прикажа и понежната уметничка страна.

Чекајќи го кинескиот претседател Ши Џинпинг тој отсвире кратка партитура на пијаното поставено во холот каде се одржуваше самитoт за економска иницијатива „Еден појас, еден пат“ која ќе вреди 1 трилион долари.
Слично
