Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Путин стигна во Франција-Прва средба со Макрон

(ВИДЕО) Путин стигна во Франција-Прва средба со Макрон

Рускиот претседател Владмир Путин стигна во Франција на прва средба со новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон во Версајската палата.

Двајцата лидери ќе присуствуваат на големата изложба во Ројалната палата, посветена на 300 годишницата од првото патување на рускиот цар Петар велики во Франција.

На дневен ред на разговорот е подобрување на руско-француските односи, економска и културна соработка, дискусија за ситуацијата во Украина, Сирија, Либија и на Корејскиот полуостров. 

Путин последен пат ја посети Франција во ноември 2015 година, како би учествувал во меѓународната конференција за климатски промени во Париз. Два месеци пред тоа, рускиот претседател учествувал на состанокот на лидерите во Париз. 

Во октомври 2016 година постоеја планови Путин да го посети Париз, како заедно со тогашниот претседател на Франција Франсоа Оланд, би го отворил Духовниот и културен центар. Патот, меѓутоа е откажан поради несогласувањата на Франција и Русија околу Сирија.


Слично

Поврзани вести