Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПУТИН СЕ ЗАКАНИ: Турција допрва ќе жали за соборениот авион

(ВИДЕО) ПУТИН СЕ ЗАКАНИ: Турција допрва ќе жали за соборениот авион

„Ако некој мисли дека откако ќе изврши подло воено злосторство, убивајќи наши луѓе и дека ќе мине само со забранет увоз на домати и санкции во градежништвото и идустријата, тогаш е во длабока заблудa.Tурција ќе жали за соборувањето на рускиот авион уште долго време. ” – вака го започна годишното обраќање до нацијата претседателот Владимир Путин.

Рускиот претседател вели дека Турција само што почнала да ги чувствува санкциите од Русија поради соборувањето на авионот.

„Ние бевме подготвени да соработуваме со Турција за најчуствителните прашања за нив. Само Алах може да знае зошто го спорија тоа. Алах одлучи да ги казни турските лидери, одземајќи им го умот и расудувањето” – изјави рускиот лидер.

Путин се закани дека ќе ја потсетува државата за нејзиниот напад уште многу пати. „Знаеме што треба да направиме” – остро повлече претседателот.

Инаку, по соборувањето на рускиот авион, Русија ја откажа изградбата на гасоводот „Турски тек”, го укина безвизниот режим за Турција и почна изолациона економска политика.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/k5dBklU78T8[/embed]
Слично

Поврзани вести