Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Путин се обрати до нацијата и кажа дека Западот прави проблеми, но тој тоа ќе ги реши

(ВИДЕО) Путин се обрати до нацијата и кажа дека Западот прави проблеми, но тој тоа ќе ги реши

Западот ни направи проблем, но нема нешто што ние не можеме да го решиме, изјави рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќање до нацијата. 

Тој рече дека Русија ги исполнува своите обврски за снабдување со енергија и не е виновна за поскапувањата.

Рускиот претседател рече дека Западот вовел санкции кон Русија „без оглед на сѐ“ и додаде дека долгорочно Русија „ќе биде уште понезависна и посуверена“.

За Западот, рече дека тие „ги повикуваат своите граѓани да ги стегнат ремените и да се облечат потопло“ . 

„Тие ова го прават за да го експлоатираат своето сопствено население. Зборуваат и се обидуваат да склопат договори со земји на кои претходно им воведуваа санкции, како Иран и Венецуела. Испраќаат функционери таму да потпишуваат договори со нив. Нашите партнери знаат дека сме во право во оваа ситуација“, рече Путин. 

Инаку, богатите Руси се обидуваат да префрлат дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да си го заштитат имотот од заострениот бран западни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, велат финансиски и правни извори, пренесува Ројтерс . На 24 февруари, Путин ја почна инвазијата на Украина.

Руската валута го продолжи својот пад во средата, а тргувањето со рубљата беше рестартирано на Московската берза. Вчера 117 рубљи се тргуваа за еден долар. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести