Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПУТИН ПРОДАДЕ НАФТЕН ГИГАНТ: Овој договор е најголемата приватизација во светот во 2016!

(ВИДЕО) ПУТИН ПРОДАДЕ НАФТЕН ГИГАНТ: Овој договор е најголемата приватизација во светот во 2016!

Русија објави дека продала малцински дел од 19,5 посто од државниот нафтен гигант Роснјефт за 10,5 милијарди евра на катарскиот државен инвестиционен фонд и компанија за трговија со сировини Гленкор.

Тоа во средата го објавил рускиот претседател Владимир Путин, по состанокот со извршниот директор на Роснјефт Игор Сечин. 

„Тоа е најголемата приватизациона зделка, најголемата продажба и аквизација во глобалниот нафтен и плински сектор во 2016 година“, рекол Путин по состанокот.

Државата ќе задржи контролен дел, а веќе од неодамна во Роснјефт, во големата руска нафтена компанија и една од најголемите во светот, од 19,75 посто држи британскиот нафтен гигант „Бритиш петролеум“.

Долго водените преговори за приватизација на Роснјефт се дел од напорите на руската влада да продаде дел од држвниот имот како би го пополнила буџетот кој е во пороблеми поради двегодишната рецесија, пад на цената на нафтата, и санкциите поради руската интервенција во Украина.

Неодамна истече планираниот рок за продажба на дел во Роснјефт, па на финансиските пазари се појавија шпекулации дека обидот за пронаоѓање на странски инвеститори ќе пропадне и дека делот на државата ќе го откупи самиот Роснјефт.

Се веруваше дека санкциите на Западот ќе ги одвратат големите инвестиции во Русија, иако на западните компании не им било изрично забрането учеството во приватизација на Роснјефт.

Игор Сечин рекол, дека се водени разговори со повеќе од 30 потенцијални купувачи на дел од Роснјефт. Обајвил и дека Гленкор и катарскиот државен фонд ќе основаат конзорциум и дека ќе имаат исти делови во Роснјефт.

Катарскиот државен фонд, кој инаку е еден од најголемите инвеститори во Гленкор, досега не се огласуваше за трансакцијата.

Аналитичарите велат дека Гленкор од таа трансакција можел да профитира поради пристапот до производството на нафтата на Роснјефт, додека катарскиот фонд ќе ја зацврсти позицијата на еден од најголемите инвеститори во еден од најголемите светски бизниси.


Слично

Поврзани вести