(ВИДЕО) ПУТИН НЕ СЕ ШЕГУВА: Испраќа „С-400“ во Сирија!
„Во воздушната база Хмејмим во Сирија ќе биде пренесен С-400“, соопшти министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Ракетниот крстосувач „Москва“, кој зазема положба во близина на брегот на Латакија, ќе ја уништува секоја потенцијална воздушна цел, изјавил Шојгу, а пренесуваат руските медиуми.
Базата Хмејмим се наоѓа во месноста која ја контролираат сириската војска, а Русија ги користи за полетување на своите бомбардери кои одат во акција за уништување на цели на „Исламска држава“ во Сирија.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qMO0F19Gmpk[/embed]Системот С-400 е воведен во употреба во Русија во 2007 година. Тоа е најнапредниот ПВО систем. Тој преставува посовршена верзија на системот С-300.
Овој систем е неспоредлив во светот. Ракетниот комплекс може да соборува аеродинамички цели на одалеченост до 400 километри а до 60 километри тактички и балистичи цели кои летаат со брзина од 4,8 км/с. Помеѓу нив се и топовите со крстосувачки ракети, авиони за тактичи и стратешки авијации и боеви глави за балисктички ракети.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/markito0171/status/669445590909104129?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Во тоа клучна улога имаат радарите со домет преку 600 километри. Ракетите може да гаѓаат ниски цели на висина од само пет метри. Користи ракети од типот „С-300 ПМУ земја-ваздух“. Целиот систем е на мобилни воени возила, а може да се постави борбено активен за само пет минути.
На истото возило е монтиран и радар „92Н6Е“ заедно со батерии за проектилите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/TPpGIKNggdM[/embed]