Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПУТИН МЕНУВА СТРАТЕГИЈА: Ова е новата мета на русите

(ВИДЕО) ПУТИН МЕНУВА СТРАТЕГИЈА: Ова е новата мета на русите

- Огромниот шверц на нафта од Исламската Држава во Турција треба да ни стане главна цел во уништувањето на тероризмот –изјави претседателот Владимир Путин, а него го поддржа и францускиот колега Франсоа Оланд.

Рускиот претседател изјави дека криумчарењето на нафта од ИСИС во Турција мора да биде прекинато. Возилата со нафта која се продава на „црниот пазар” минуваат без никаква контрола.

Путин вели дека не може да верува дека Турција не е свесна за овој криминал.

“ Дење и ноќе камионите влегуваат во Турција полни, а се враќаат празни. Зборуваме за комерцијално снабдување со нафта од окупираните сириски територии кои ги зазедоа терористите. “ – вели рускиот претседател.

Путин вели дека мора да ги уништува камионите кои превезуваат нафта во Турција, како што вели, кога веќе Анкара не го прави тоа.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3N4tmwYHbCU[/embed]

Од друга страна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган овие изјави ги нарече клевети и демантираше дека Турција учествува во нелегална трговија со ИСИС.

Наместоа тоа, Ердоган вината ја префрли врз сирискиот претседател Башар ал Асад..

Во меѓувреме руските воени авиони продолжуваат да ги уништуваат терористичките мети во Сирија каде има нелегална трговија со нафта.

Слично

Поврзани вести