Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Путин: Крим е дел од Русија!

(ВИДЕО) Путин: Крим е дел од Русија!
Крим отсекогаш бил и ќе биде дел од Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин, отворајќи ја седницата на рускиот Парламент на која се очекува да биде потврдена одлуката за анексија на Крим. Според него, референдумот на Кримскиот Полуостров е во согласност со демократските процедури и меѓународното право. „Во срцата и во мислите на народот, Крим секогаш бил и ќе остане неразделен дел од Русија. Таквиот став се темели на вистина и правда, секогаш бил цврст и се пренесувал од генерација на генерација“, рече Путин во обраќањето кое се пренесуваше во живо на руската државна телевизија, но и на плоштадот во Севастопол. Путин нагласи дека односите на Русија со „братскиот украински народ“ секогаш ќе бидат од клучна важност, но ги осуди постапките на „таканаречените украински власти“ кои ги обвини дека извеле државен удар и дека ќе направат сè за власт. „Оние кои се наоѓаат во позадината на овие случувања, тие подготвуваа уште еден државен удар. Планираа да ја преземат власта, не запирајќи пред ништо. Се служеа со терор, убиства, прогони. Тие се оние што одлучуваат денес како ќе живее Украина. Таканаречените украински власти воведоа скандалозен закон за употреба на јазиците со кој директно се кршеа правата на националните малцинства“, рече Путин. Тој најави дека на Крим ќе бидат рамноправни три јазици - руски, украински и оној на кримските Татари. Според рускиот претседател, надворешната политика на САД не ја диктира меѓународното право, туку правото на посилниот, а западните земји во однос на прашањето за Украина ја преминале границата и се однесувале непрофесионално и неодговорно. Истовремено, тој и се заблагодари на Кина, кој во целата ситуација ја поддржувала официјална Москва. „Русија никогаш нема да предизвика конфронтација со Западот, но секогаш ќе ги брани сопствените интереси. Русија не сака натамошна поделба на Украина“, рече Путин, а неговото обраќање руските пратеници го поздравија со аплауз. http://www.youtube.com/watch?v=C812NopR1vU
Слично

Поврзани вести