Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Путин ја отвори душата: Моите родители живееја од плата до плата, често и позајмуваа пари

(ВИДЕО) Путин ја отвори душата: Моите родители живееја од плата до плата, често и позајмуваа пари

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил за јубилејот на еден ТВ дневник дека пред 50 години, неговите родители морале понекогаш да позајмуваат пари од други луѓе.

„Не бевме богати, но имавме телевизор, како и нашите соседи. Моите родители живееја од плата до плата и понекогаш позајмуваа пари од други луѓе, но сепак можеа да си дозволат да купат телевизор“, рекол Путин, гостувајќи на Првиот канал на руската државна телевизија на која на денешен ден пред 50 години почнал да се емитува ТВ дневник.

Путин додал дека членовите на неговото семејство не се собирале често да гледаат ТВ.

„Мојата мајка навиваше за советскиот тим и се сеќавам дека тоа обично го гледавме заедно“, рекол Путин.

На прашањето кој настан и вест на него оставиле најголем впечаток во текот на изминатите 50 години, шефот на руската држава рекол дека „ја издвојува појавата на суперсоничниот цивилен авион Ту-144 на руско небо“.

Тој додал дека за него тоа и денес е фасцинантно, а тогаш било непоимливо.

Путин ги споменал и „извонредните спортски настани“ и “познатата серија на натпревари хокеј на лед во 1972“ помеѓу Советскиот Сојуз и Канада.

Владимир Путин рекол дека, кога станал претседател, не почувствувал непријатност пред камерите, иако секогаш се трудел да го избегне вниманието на јавноста и додал дека не сакал да разговара со новинарите.

Најтешко му било да се навикна на шминка, која е неизбежна пред секој настап пред камера. Рускиот претседател не се грижи како ќе го запамти истотијата.

„Треба само да се работи како што треба“, рекол тој.


Слично

Поврзани вести