(ВИДЕО) ПУТИН ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Исламска држава ја очекува страшна одмазда!
Русија и понатаму е во шок после падот на патничкиот авион на компанијата „Когалимавија“ над Синај во Египет, а и понатаму нема одговори што точно се случило со руското летало. Една од многуте теории е дека авионот го урнала Исламска држава, која сама после несреќата ја презеде одговорноста, но руски претставници ги оспорија овие тврдења. Сепак, нападите на положбите на ИСИС во Сирија од страна на руски бомбардери станаа се почести од трагичниот инцидент кој се случи во сабатата.
Руски воздухопловни сили извеле 131 лет и погодиле 237 мети во Сирија на денот на уривањето на авионот и ден после несреќата, соопштија од Руското министерство за одбрана.
Претставник од министерството Игор Конашенков рекол дека руски авиони, во близина на сириската престолнина Дамаск, уништиле едно подземно складиште со муниција на терористите од ИД.
Рускиот претседател за несреќата над Синај рекол дека тоа е голема трагедија и побарал темелна истрага за падот на авионот на руската компанија во Египет.
-Без никакво сомнение, се треба да се направи да ја реконструираме објективната слика за тоа што се случило така да можеме да дознаеме што се случило и да реагираме во согласност со тоа -рекол Путин.
Бидејќи го сослушал Сколовиот извештај за истрага на местото на несреќата над Синај, Путин рекол дека таа работа треба да биде продолжена“ се додека не сме целосно уверени дека тој дел од работата е завршен“.
-Не треба да бидеме запрени покрај формалните квалификации-наведе Путин.
Сепак, иако египетските и руски претставници, како и Стејт департментот изјавиле дека се мали шансите џихадисти на Исламска држава да го урнале леталото, ако погледнеме реално, тоа сценарио не е толку можно. Сетете се само на уривањето на малезискиот авион над Украина, кој е погоден со ракета Бук.
И тогаш изгледаше невозможно некој да може да урне авион кој се наоѓа на околу 10 000 метри, за да на крај излезе дека е погоден од земја. Русија рекла дека ИСИС нема средства да урне авион на голема висина но со оглед на тоа дека на црно продаваат нафта од која земаат околу 50 милиони долари месечно, не можеме да ја исклучиме можноста да на нелегален пат набавиле оружје кое би можело да го погоди леталото.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lolAMWfzqUI[/embed]Tие сите останати потреби ги набавуваат преку црниот пазар , и оружјето како едно од нив, кое им е потребно за борба и одбрана на својот „калифат“ од надворешни и вантрешни непријатели. А факт е дека Русија решила да му помогне на сирискиот претседател и започнала воена интервенција гаѓајки ги положбите на ИСИС. Затоа, и понатаму никој не може со тврдење и без докази да каже дека авионот не го урнале џихадистите.
Инаку, на северен Синај веќе две години се наоѓа седиште на огранокот на ИСИС, чии припадници се одговорни за убиството на стотици египетски војници и полицајци.
Бидејќи и понатаму не се знае причината за уривањето на патничкиот руски ербас, освен детали дека се распаднал и дошло до експлозија во воздух, се поставува прашањето дали една светска сила како што е Русија ќе признае дека леталото е урнато од Исламска држава . Останува да видиме дали нападите ќе се зголемат, како што и се во текот на викендот, на ИСИС и кој ќе биде следен потег на Путин доколку на крај испадне дека тие се виновници за трагедијата која уште ја оплакува Русија.
Дали се ова е теорија на завера или џихадистите се борат со сите средства како би ја оствариле својата цел?


