(ВИДЕО) Путин го покажа станот во Кремљ во кој живее
Рускиот претседател Владимир Путин ги отвори вратите од својот стан во Кремљ за неформална обиколка, пиејќи час со новинар. Во клип од документарец што наскоро ќе биде прикажан на државната телевизија, по повод 25 години од неговото владеење, рускиот претседател тврди дека Русија има доволно сила да ја заврши војната без нуклеарен арсенал.
„Досега немаше потреба од нуклеарно оружје, се надевам дека нема да има“, рече тој како одговор на прашање за украинските напади врз руска територија, вклучувајќи ги и нападите врз самиот Кремљ.
Путин за прв пат го покажа својот приватен стан во Кремљ на јавноста. Тој му направи на новинарот на државната телевизија Павел Зарубин кратка обиколка на просторот каде што, како што вели, престојувал повеќето ноќи откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.
'This is my crib'
— Wolf Brief (@wolfbrief_) May 3, 2025
Russia President Vladimir Putin takes the media on a tour of his apartment inside the Kremlin.
This is the first time Putin has done this. pic.twitter.com/MTqRq7fwLe
Во еден од клиповите, се гледа како прави чај за новинарот, нудејќи му чоколади и кефир, ферментиран млечен пијалак. Гледајќи наназад по четврт век поминат на власт, 72-годишниот Путин тврди дека не се гледа себеси како политичар и дека сè уште се чувствува поврзан со обичните граѓани.
„Сè уште го дишам истиот воздух како милиони руски граѓани. Тоа ми е многу важно. Ако даде Бог, нека трае што е можно подолго. Да не исчезне“, рече тој.
Путин, поранешен офицер на КГБ, е рускиот лидер со најдолг стаж од времето на Јосиф Сталин, кој владееше 29 години, сè до неговата смрт во 1953 година. Неговиот приватен живот е вообичаено обвиен во тајност, па затоа отворањето на вратите од неговиот дом за новинарите е необичен потег што може да се протолкува како обид за приближување до граѓаните.
New documentary offers rare glimpse into Vladimir Putin’s private life
— Sputnik Africa (@sputnik_africa) May 3, 2025
The film shows Putin's apartment, his fridge contents and other household items.
The president said that in 25 years of leadership, he has never doubted his decisions or the direction he has taken. pic.twitter.com/mcfxPzPWq8
На почетокот од интервјуто, Путин лично му ја отвора вратата од станот на новинарот и на шега вели: „Да, ова е стан. Како што можете да видите, не е далеку“.
Ова укажува дека станот се наоѓа во непосредна близина на самиот центар на Кремљ, утврдениот комплекс што е официјално седиште на владата во Москва. Потоа заедно минуваат низ ходник украсен со кристални лустери и позлатени огледала, а на каминот се издвојува голем портрет на царот Александар III.
Станот е декориран во комбинација од бела и златна боја и, според тврдењата, содржи библиотека, мал параклис, две спални соби и кујна. Во кадарот се гледа и бело пијано, а кога го прашале дали свири на него, Путин одговара дека ретко има време.
Покажувајќи ја содржината на својот фрижидер, тој откри дека е голем љубител на кефир. Во интервјуто, тој се осврна и на прашањето за неговиот наследник, но не даде конкретен одговор. „Мислам дека треба да има едно лице, или уште подобро неколку, за луѓето да имаат избор“, рече тој.
Во меѓувреме, Кремљ објави дека Путин следната недела ќе потпише серија договори со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој пристигнува во Москва на тридневна посета по повод Денот на победата. Познатата воена парада на Црвениот плоштад ќе се одржи под строги безбедносни мерки, а се очекува да учествуваат војници кои беа дел од инвазијата на Украина во 2022 година.
