Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПУТИН Е НЕРВОЗЕН: Заложничката криза во Волгоград го вознемири

(ВИДЕО) ПУТИН Е НЕРВОЗЕН: Заложничката криза во Волгоград го вознемири

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше видно нервозен за заложничката криза во Волгоград. 

Тој на почетокот на состанокот на Советот за безбедност изјави дека шефот на Федералната поправна служба штотуку го информирал за заложничката криза во колонијата Волгоград. Путин почна да ја мрда раката и го извади часовникот. 

Затворениците од колонијата број 19 во Суровикин во регионот на Волгоград, според неофицијални информации, убиле тројца затворски чувари околу 12 часот по локално време, а неколку вработени ги држат како заложници.

Тројцата напаѓачи, кои тврдат дека припаѓаат на Исламската држава, бараат да слета хеликоптер за да ја напуштат земјата или ќе почнат да ги убиваат заложниците. Бараат и два милиони долари. Меѓу напаѓачите има двајца Узбекистанци и еден Таџикистанец. 

Според телеграмскиот канал База, исламистите принудиле еден заложник да му се обрати на Путин со барање да ги исполни нивните барања.

Медиумите јавуваат дека локален имам наскоро ќе пристигне во колонијата и ќе се обиде да ги убеди напаѓачите да се предадат.

Осудените исламисти, кон средината на јуни годинава како заложници зедоа двајца стражари во колонијата во Ростов, а во акција на специјалци беа ликвидирани.

Оваа година во Москва имаше страшен терористички напад во салата Крокус, каде имаше голем број жртви. Извршителите беа Таџикистанци. 


Слично

Поврзани вести