(ВИДЕО) „ПУТИН Е ЛАЖГО”- стотици демонстранти против војната во Сирија
Неколку стотини граѓани се собраа во центарот на Москва и протестираа против руската интервенција во војната во Сирија.
Демонстрантите се собрани на плоштадот Суварова и носат пароли на кои пишува „Путин, тоа е војна“, „Асад е убиец, плаши се Русијо“, „Путин е лажго“, и „Објавете војна против корупцијата во Русија”.
На местото на собирот, се засилуваат и полициските екипи.
Организаторите на протестот велат дека нема да дозволат Сирија да стане новиот Авганистан.
Инаку, Русија се поинтензивно напаѓа во Сирија. Од почетокот на руската операција во оваа земја, со воздушни напади се уништени 380 објекти на Исламската држава.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/E7nW8MCClv8[/embed]
Слично
