Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПУКОТНИЦИ И ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИ: Немири поради сомнежи дека изборите се „украдени“

(ВИДЕО) ПУКОТНИЦИ И ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИ: Немири поради сомнежи дека изборите се „украдени“

Вооружени војници излегоа на улиците на главниот град на Зимбабве, Хараре и ѝ се приклучија на полицијата. 

На улиците се запалени голем број автомобили.

Се слушаат пукотници, а опозицијата протестира против наводната кражба на изборите.

Поддржувачите на опозицијата протестираа во Хараре пред зградата на изборната комисија, а полицијата им фрли солзавец.

Франс прес објави дека еден од демонстрантите е убиен од огнено оружје.

Европските и американските набљудувачи изразија загриженост што објавувањето на резултатите од изборите се одолжи и повикаа на нивно што поскоро објавување, додека изборната комисија соопшти дека за тоа ќе одлучува утре. 


Слично

Поврзани вести