(ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО КОЛОРАДО: Еден полицаец убиен, а шест се ранети
Еден полицаец е убиен, а уште шест се ранети во престрелка кај Денвер, во Колорадо, кога во нив пукал осомничениот кој најверојатно е застрелан.
Канцеларијата на шерифот на округот Далас, на „Твитер“ објави дека осомничениот ранил и двајца цивили, но дека повеќе не претставува закана, не потенцирајќи што точно тоа значи.
Полицајците реагирале на повик поради семејна расправија и по пукотници во округот.
Граѓаните се опоменати да не излегуваат. Патиштата до местото каде се случи инцидентот се затворени.
Слично
