Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО ХЈУСТОН: Полицијата го уби адвокатот кој повреди 9 лица!

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО ХЈУСТОН: Полицијата го уби адвокатот кој повреди 9 лица!

Во американскиот град Хјустон во утринските часови по локално време деветмина лица се повредени во шопинг центарот во југозападниот дел на градот, а полицијата објавила дека го убила напаѓачот кој бил локален адвокат.


Во неговиот црн автомобил марка „Порше“ е пронајдена голема количина на оружје. Првично напаѓачот е опишан како црнец со револвер, а полицијата на твитер објави дека го убила и потоа додале дека напаѓачот починал.

Шефот на полицијата на овој тексашки град Марта Монталво не го соопштила името на убиениот адвокат и додала само дека се истражува дали мотивите на пукањето биле „проблеми кои ги имал со својата фирма“.


Од деветмина повредени, тројца се пуштени на лице место, шестмина се сместени во локална болница, од кои едно лице е во критична состојба, а за друго е наведено дека и се нанесени повреди со сериозна природа.

Некои од сведоците навеле дека напаѓачот исфрлил неколку десетина куршуми во автомобили кои поминувале покрај него, пред да го убие.


Слично

Поврзани вести