(ВИДЕО) Пукање на кампус во Флорида – полицијата го уби напаѓачот!
Три лица се повредени, од кои едно во критична состојба во оружениот инцидент што се случи на универзитетски кампус во Флорида. Вооружен напаѓач отворил оган во библиотеката на Универзитетот и бил убиен откако ја одбил наредбата на полицијата да го спушти оружјето.
Идентитетот на напаѓачот во универзитетскиот комплекс Талахаси не е соопштен. Полицијата извести дека го убила откако одбил да се предаде, туку наместо тоа го свртел оружјето кон полицајците.
Универзитетот веднаш упатил предупредување до студентите дека станува збор за многу опасна ситуација и ги советувал да се скријат некаде.
Целиот кампус е испразнет, а полицијата се уште ја држи под опсада библиотеката.
http://www.youtube.com/watch?v=j13QfS8B6fU#t=11
http://www.youtube.com/watch?v=D4E8woco3DE
Слично
