Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пукање и дронови имало ноќеска во Каракас?

(ВИДЕО) Пукање и дронови имало ноќеска во Каракас?

Жителите на венецуелскиот главен град Каракас објавија дека ноќеска имало пукање во близина на претседателската палата Мирафлорес.

Според достапните извештаи, неколку дронови прелетале над палатата, по што следувала пукотница што предизвикала паника кај граѓаните, објавија локалните медиуми.

Неколку извори изјавија дека министерствата и владините згради во центарот на Каракас биле евакуирани, додека бизнисите и областите во близина на местото на инцидентот биле затворени поради вонредна состојба, пренесуваат повеќе медиуми. 

Видеата објавени на социјалните мрежи покажале цивили и семејства како бегаат за да се засолнат, додека на небото може да се видат дронови врз кои наводно пукале воени лица од венецуелската влада. 

Тенкови се распоредени на патиштата во близина на Мирафлорес, вклучувајќи ја и авенијата Урданета, од безбедносни причини. Се вели дека се слушнал и пукање во близина на Федералната законодавна палата, подалеку од Мирафлорес, како одговор на дронови кои, според прелиминарните информации, се обиделе да се приближат до седиштето на владата. Во моментов нема официјални информации за инцидентот, ниту пак е позната локацијата на привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез.
Инцидентот се случил неколку часа откако Родригез положила заклетва за привремен претседател на Венецуела. Сведоци им кажале на медиумите дека на неколку локации во градот се слушнале истрели и експлозии и дека инцидентот траел од неколку минути до речиси еден час, почнувајќи околу 20 часот по локално време.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести