(ВИДЕО ВО ЖИВО) ПРВИ СНИМКИ ОД НАПАДОТ ВРЗ СИРИЈА: САД уништи сириски воени бази
САД рано утрово по наредба на претседателот Доналд Трамп извршиле воздушен напад на Сирија со крстаречки ракети како одговор на нападот со хемиско оружје на цивили во таа земја.
Во воздушните напади на САД врз сириската воздухопловна база се уништени девет авиони, но главната писта „релативно е недопрена“, сооошти денес руската државна телевизија „Росија 24“.
Во снимката на базата, која таа телевизија ја објави по американскиот ракетен напад, се гледаат кратери и урнатини, но главната писта во голема мера изгледа недопрена.
Лидерите на Франција и Германија денес го обвинија сирискиот претседател Башар ал Асад дека ги предизвикал нападите користејќи хемиско оружје.
Слично
