Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Први снимки од местото каде се урна авионот на Пригожин

(ВИДЕО) Први снимки од местото каде се урна авионот на Пригожин

Се појавија први снимки од местото каде најверојатно загина водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин при уривање на авион. Тој пред два месеци водеше бунт против рускиот претседател Владимир Путин. 

Новинарката Ксенија Собчак, повикувајќи се на извори, изјави дека бројот на авионот е RA-02795 и дека му припаѓа на основачот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Руското Министерство за вонредни ситуации извести дека во соборениот приватен авион кој летал од Москва за Санкт Петербург има десет лица (меѓу кои и тројца членови на екипажот). Според првичните информации, сите во авионот загинале.


Слично

Поврзани вести