(ВИДЕО) Прва снимка од напаѓачот на лондонското метро: Снимен како ја носи бомбата што повреди, ама не уби луѓе
На видео снимката се гледа осомничениот бомбаш од лондонското метро како ја напушта куќата со бомба во кеса од еден хипермаркет.
Снимката е добиена од ITV и покажува како човек ја напуштил куќата околу час и пол пред нападот во петокот утрото.
Снимките на камерата покажуваат човек во шешир и сива облека кој носи кеса додека ја напушта куќата во 6.50.
Во 8.20 часот утрото, бомбата се активирала, не успеала правилно да се детонира, па само повредила 30 луѓе а не успеала да предизвика масакр.
Полицијата верува дека го идентификувала главниот осомничен, 18-годишник кој е уапсен во пристаништето Довер. Во притвор е заедно со 21 годишник кој е уапсен во саботата.
Министерот за надворешни работи Амбер Рад рекол дека полицијата направила „добар напредок“ во истрагата.
