Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО АВСТРАЛИЈА- Започна масовна евакуација

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО АВСТРАЛИЈА- Започна масовна евакуација

Предупредување за евакуација е спроведено во 40 градови поради силни ветришта и топлина која ги носи пожарите преку руралните области кон Warrnambool и Hoksdejl.

Се очекува ветровите да ја променат насоката и понатаму да го интензивираат пожарот во поголемите градови на 250 километри западно од Мелбурн.


Триста пожарникари се борат со огнената стихија, но неколку од нив се повредени. Засега нема извештаи за жртвите. Неколку домови се уништени во градот Татри во Нов Јужен Велс.

„Ќе има промена во насоката на ветерот, што ќе го зајакне пожарот. Ова е многу сериозна ситуација за нас ", рече Питер Бејкер, официјален претставник на Службата за вонредни состојби.


Ширум Југоисточна Австралија се изведува строга забрана за палење на оган, бидејќи температурите на воздухот достигнуваат рекордни нивоа за есен. Во Сиднеј се очекува температура од 40 степени целзиусови, додека се предвидува дека брзината на ветровите во внатрешноста ќе се зголеми на 90 километри на час.

Во меѓувреме во Дарвин, град на северот од Австралија, се расчистуваат и отстрануваат штетите настанати откако циклонот „Маркус“ го уништил подрачјето корнејќи дрва и оставајќи илјадници граѓани без електрична енергија.

Ветровите достигнувале брзина од 130 км на час, а според метеоролошката служба, тоа беше најсилниот циклон кој го погодил Дарвин во изминатите неколку децении.

Се предвидува дека уште еден циклон би можел да го погоди Дарвин за пет до шест дена.



Слично

Поврзани вести