(ВИДЕО) ПРОВОКАЦИЈА: Израелски војници од минарето на џамија пееја еврејски песни
Изарелски војници влегоа во џамија и од минарето пееја еврејски песни. Израелските одбранбени сили (ИДФ) го осудија однесувањето на некои од нивните војници кои се снимени како пеат и се молат во џамија во Џенин на окупираниот Западен Брег.
Настанот се случил за време на операцијата против милитанти во градот, во која досега се убиени 11 Палестинци. Информацијата ја потврди палестинското Министерство за здравство.
ИДФ соопшти дека војниците „ќе бидат соодветно санкционирани“. Тие додадоа дека ќе дејствуваат и во други слични случаи регистрирани во Газа. На една снимка, одекнува песна за бркање на темнината, поврзана со актуелниот еврејски празник Ханука.
Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел.foto printskrin
Слично
