Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Протести против политиката, но и против скандалите во љубовниот живот на Оланд

(ВИДЕО) Протести против политиката, но и против скандалите во љубовниот живот на Оланд
Илјадници луѓе протестираа денеска во Париз против политиката на францускиот претседател Франсоа Оланд. Демонстрантите, од кои најголем дел од десничарските организации, излегоа со серија барања до шефот на државата: повлекување на одлуката за легализација на хомосексуалните бракови, почитување на слободата на говорот и за излез на Франција од Европската унија. Протестот наречен „Ден на гневот“, според организаторите собрал околу 120.000 луѓе, додека полицијата тврди дека биле 17.000. Голем број од демонстрантите не го одобруваат и љубовниот живот на Оланд, и го изразија своето незадоволство еден ден откако францускиот претседател соопшти дека ја раскинува долгогодишната врска со Валери Триервелиер, поради афера со актерката Жили Гаје. Повеќе за тоа како беше на улиците на Париз денеска од видеото: http://www.youtube.com/watch?v=U6GL56726Fg  
Слично

Поврзани вести