Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПРОТЕСТ: Истресоа тон јаглен пред Елисејската палата

(ВИДЕО) ПРОТЕСТ: Истресоа тон јаглен пред Елисејската палата
Десетина активисти на Гринпис организираа несекојдневен протест рано утрово пред Елисејската палата во Париз - истурија цел камион со јаглен пред резиденцијата на францускиот претседател. Освен ова, камионот носел и 2.000 литри вода контаминирана со тритиум. Еколошката организација бара намалување на користењето на јагленот и намалување на нуклеарната енергија во Франција. Наместо тоа, бараат до 2030 година 45% од енергијата во Европа да биде од обновливи извори на енергија. Протестот беше организиран непосредно пред заедничката седница на француската и германската влада, а „Гринпис“ испрати и јавно соопштение до францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел со порака: „Не - за јагленот и нуклеарната енергија, вистинска транзиција сега!“ http://www.youtube.com/watch?v=dKSQvKOKgAg#t=13
Слично

Поврзани вести