(ВИДЕО) Протече снимката која „CNN“ ја подготвувала во случај на судниот ден
Пред 34 години, за време на почетоците од емитувањето на „CNN“, основачот на првата 24 часовна информативна телевизија, Тед Тарнер, дал големи ветувања за својот нов работен потфат.
„Доколку ги отфрлиме можните проблеми на нашиот сателит, нашата програма ќе се емитува се до судниот ден“, рекол Тарнер и го подготвил последното видео кое би се емитувало на овој канал пред можна апокалипса.
Луѓето тогаш мислеле дека ексцентричниот тајкун само се шегува се до неодамна кога една американска веб страница не го објави видеото на „CNN“ кое било подготвувано за последниот ден.
„Имаме доказ дека не станувало збор за шала“, напишал Мајкл Балабан кој порано работел во „CNN“ а кој сега работи во веб сајтот кој го објави ова видео на кое може да се види едноминутна изведба на песната „Nearer My God To Thee“ од страна на воениот оркестар.
„Оваа снимка би требало да ја пушти последниот преживеан работник во „CNN“ пред и тој да умре од радијација, зараза, зомби или било кое друго апокалиптични сценарио“, напишал Балабан.
Според неговите зборови, видеото и ден денес е сочувано во интерната архива под името „Turner doomsday video“ и означено со зборовите „HFR (Hold for release) till end of the world confirmed“, односно да не се емитува додека не се добие потврда дека на светот му дошол крајот.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=TMgOmYw1wJo[/embed]
Слично
