Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Проруските сили го окупирале Дебаљцево, Киев негира

(ВИДЕО) Проруските сили го окупирале Дебаљцево, Киев негира
Проруските сили на истокот од Русија тврдат дека го опколиле градот Дебаљцево, во кој последните неколку дена се водат жестоки борби, но официјален Киев го негира тоа и изјави дека нивните сили се'уште се борат во таа област. Припадниците на проруските сили истакнаа дека го пресекле главниот пат за снабдување на Дебаљцево, кој се наоѓа во близина на главното жариште на тие сили на истокот на Украина, објави британскиот сервис Би-Би-Си. Потпаролот на украинската војска Александар Матузјаник, за Би-Би-Си изјавил дека „сеуште се води борба околу патиштата“. Се верува дека во Дебаљцево и околината се наоѓаат повеке илјади украински војници. На тоа област повеќе од недела дена се водат жестоки борби во кои како изгледа, проруските сили остваруваат напредок. Официјалната Украинска влада наведува дека во борбите на истокот во земјата во последните 24 часови загинале повеке од девет војници и најмалку седум цивили. Во украинскиот конфликт од Април 2014 година загинаа повеќе од 5.300 луѓе, а 1,5 милиони од нив се раселени.
Слично

Поврзани вести