Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Прорусите ги натераа заробениците да парадираат во Доњецк

(ВИДЕО) Прорусите ги натераа заробениците да парадираат во Доњецк

Украинските власти го прославуваат својот национален празник на Денот на независноста со воена парада во Киев, а проруските сили ги натерале заробените припадници на украинската војска да маршира низ главната улица во Доњецк, која е под контрола на прорусите. Странските агенции наведуваат дека парадата на воените заробеници име организирана за да се прикаже презир на Денот на независноста во Киев.

Луѓето кои ова го набљудувале извикувале „фашисти“ на групата воени злосторници кои се движеле со спуштени глави.

 Заробениците воглавно биле неизбричени и изгледале неуредно, а на себе имале или воена униформа или цивилна облека.

 После нив се движела цистерна со вода. Најверојатно симболично сакале да ја исперат “нечистотијата“ од улицата.

 
Слично

Поврзани вести