Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пронајдени сомнителни предмети на местото каде се сруши рускиот авион

(ВИДЕО) Пронајдени сомнителни предмети на местото каде се сруши рускиот авион

 На местото на авионската несреќа во Синај, се пронајдени елементи кои не припаѓаат на Ербас A321.

Извор за ТАСС изјави дека непознати елементи веќе се наоѓаат во лабораторија за вештачење.

Инаку, денеска излезе и информација дека Американски сателити забележале краток топлински бран над Синајскиот полуостров во моментите кога се урнал рускиот патнички авион.

 Тоа според експертите покажува дека леталото се разнело во воздухот најверојатно како последица на експлозија од внатрешноста на авионот.

Исламските екстремисти кој делуваат во регионот соопштија дека тие го собориле авионот, но експертите се сомневаат дека тие поседуваат толку моќно оружје.

„Постои пропаганда дека уривањето го предизвикала Исламска држава, но тоа е само обид да се наруши стабилноста и безбедноста, како и сликата за Египет. Авионот бил на височина од 35 илјади стапки (околу 9.100 метри). Верувајте дека ситуацијата на Синајскиот полуостров, особено во тоа подрачје, е под наша целосна контрола.“ изјави Абдул Фатах ал-Сиси – претседател на Египет

Истрагата за несреќата продолжува и се уште не се знае како дошло до трагедијата.

Рускиот патнички авион исчезна од радар во саботата 23-минути по полетувањето од египетското летувалиште Шарм ел Шеик. При уривањето загинаа сите 224 патници и членови на екипажот, од кои поголемиот дел беа Руси.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FqR5NTdrowA[/embed]
Слично

Поврзани вести