(ВИДЕО) Прогноза за времето: Условите се идеални за бомбардирања во Сирија
Во Сирија е топло и сончево - и условите се идеални за летовите на авионите и одржувањето на воздушните напади според временската прогноза, емитувана на руската државна телевизија.
„Руските сили продолжуваат со својата работа во Сирија. Експертите тврдат дека моментот за тоа е избран многу добро од гледна точка на времето“, се вели во сегментот, емитуван на „Россия 24“ во неделата.
После Прогнозата за времето се поминува на кадри од Министерството за одбрана, кои ги покажуваат разурнатите цели на земјата во Сирија.
Руските авиони спроведоа над 100 напади во Сирија од почетокот на воздушната кампања, која беше наредена од претседателот Владимир Путин како одговор на барањето од страна на Башар Асад.
Во моментов Русите ги бомбардирале депоата со оружје, кампови, со што САД и коалициските партнери тврдат дека Русија не избира помеѓу бази на „Исламска држава“ и поддржувачите од западните сили на опозицијата.
Природно информациите за кампањата во руските државни медиуми се секогаш позитивни.
„Октомври во Сирија е добар месец за летови“, се вели во прогнозата за времето и се забележува дека просечната брзина на ветерот е само 2.4 метри во секунда и дожд обично паѓа еднаш на секои 10 дена. Иако има просек 13 облачни денови, тоа „не би требало да претставува сериозна пречка за операцијата“, бидејќи облаците обично се помеѓу 4 и 6 километри над земјата и нема да се одрази врз системите за насочување на оружјето.
Претходно во понеделникот Русија се оправда со проблеми во системот за навигација, кога руски борбен авион беше пресретнат како лета во турскиот воздушен простор.
„Во овие временски услови авионите можат да се нурнат под облаците и да спроведуваат ефикасни напади по земјените цели“, вели портпаролката за телевизијата.
