Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПРОГЛАСЕНА Е ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ: Во Шпанија во поплавите загинаа најмалку 72 луѓе

(ВИДЕО) ПРОГЛАСЕНА Е ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ: Во Шпанија во поплавите загинаа најмалку 72 луѓе

Во поплавите во Шпанија има најмалку 72 жртви, а државата прогласи тридневна жалост. 

Како што соопштија властите, најмалку 70 луѓе загинале во Валенсија, а две лица загинале во регионот Кастиља Ла Манча, јужно од престолнината Мадрид. Ова е најстрашната поплава што ја погоди Шпанија во последните 30 години. 


На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од поплавен бран кој го уништи мостот Паипорта во Валенсија, како и други застрашувачки снимки од катастрофални поплави.


Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови. Последниве месеци имаше смртоносни поплави во Босна, а претходно и во дел од европските земји. 

foto EPA-EFE/BIEL ALINO

Слично

Поврзани вести