Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Проектили од Газа истрелани кон Израел - запалено американско знаме

(ВИДЕО) Проектили од Газа истрелани кон Израел  - запалено американско знаме

Неколку проектили се истрелани кон Израел од појасот Газа.

Станува збор за јужните реони Хоф Ашкелон и Шаар ха Негев. Израелската армија соопшти дека две ракети, истрелани од појасот Газа, не стигнале до израелската територија.

На територијата на Израел во моментов е тензично, поради тоа што американскиот претседател, Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град.

Во Рамала израелските сили за безбедност користеа и гумени куршуми и солзавец во судирите со Палестинците. Меѓу демонстрантите имаше и жени и деца. Сите фрлаа камења на припадниците на израелските полицајци.  Запалено е и американското знаме.

Гумени куршуми користени се и во Витлеем, а хаос владее на улиците на Ерусалим, во делот каде живеат Палестинци.

До сега потврдени се 43 повредени лица, а како што велат од Црвениот крст, повеќето повреди се од гумените куршуми. и солзавецот.

Протестите се прелеаја и во Јемен.

Западниот дел на градот Израел го анектираше во 1948 година, додека источниот дел од градот го окупираше во 1967 година.

Во Ерусалим живеат 900.000 луѓе, меѓу кои 300.000 се Палестинци.
Палестинците пак имаат намера источен Ерусалим да го прогласат за главен град на својата идна држава.

Слично

Поврзани вести